Намален прометот во индустријата за 1,2 отсто

Вкупниот промет во индустријата во декември лани е намален за 1,2 отсто во однос на декември 2018 година, а на домашниот пазар за истиот период бележи зголемување од 6,7 отсто, додека на странските пазари има пад од 5,1 отсто. Прометот во индустријата има пад од 20,4 отсто во споредба со ноември 2019 година, а на годишно ниво има раст од 5,6 отсто во споредба со 2018 година. Прометот во индустријата на домашниот пазар, во декември 2019 година пораснал за 7,5 отсто во споредба со ноември, а во периодот јануари − декември 2019 година во споредба со истиот период од 2018 година има раст од 0,8 отсто. За истиот период прометот во индустријата на странските пазари е намален за 28,6 отсто на месечно, а зголемен за 7,1 отсто на годишно ниво.
Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупниот промет во индустријата во декември 2019 година, во однос на декември 2018 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 10,9 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,6 проценти, додека опаѓање има кај Капитални производи за 12,9 отсто и Tрајни производи за широка потрошувачка за 6,1 процент.
На домашниот пазар, пак, во декември 2019 година, во однос на декември 2018 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 9,3 отсто, Капитални производи за 34,3 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,7 отсто, додека опаѓање има кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 10 отсто.
На странските пазари, во декември 2019 година, во однос на декември 2018 година, прометот бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 10,6 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,2 отсто, додека опаѓање има кај Капитални производи за 14,7 отсто и Tрајни производи за широка потрошувачка за 7,0 проценти.