Намален водостојот на повеќе реки во Македонија

Зголемен водостој на реката Вардар кај Јегуновце и Железнички мост, а намален кај Велес и Демир Капија, покажуваат мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Според УХМР, тројно пониско е нивото на Лепенец кај Скопје, а двојно е намален на Струмица кај Ново Село, Црна Река кај Новаци и Црн Дрим кај Ложани. Понизок е водостојот и на Брегалница кај Берово, Крива Река кај Крива Паланка, Пчиња кај Пелинце и Катлановска Бања.