Намалена бруто домашната потрошувачка на струја

Бруто домашната потрошувачка на електрична енергија, во септември оваа година, изнесуваше 582.984 мегаватчас, што во споредба со истиот период лани, е пад од 4,2 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во бруто-домашната потрошувачка, нето-увозот учествуваше со 42,9 отсто, додека бруто-домашното производство со 57,1 отсто.

 

Според податоците на Државниот завод за статистика, во септември оваа година, во Македонија,
вкупниот увоз на природен гас изнесуваше 2.395 милиони mn3 што во споредба со увозот во истиот период од
претходната година претставува пад од 17,7 отсто.

Во вкупната потрошувачка на природен гас, природниот гас за енергетски трансформации учествуваше со 3,4 отсто,
додека финалната потрошувачка со 96,1 отсто.