Изгледите за раст на поберувачката на нафта во 2019 година се намалени поради влошените изгледи за светската трговија, но пакетот поттикнувачки мерки и земјите во развој би требало да го поткрепат растот во 2020 година, објави во петокот Меѓународната агенција за енергија (IEA).
Меѓународнота агенција чиешто седиште е во Париз и која ги координира енергетските полтики на индустриските земји, ја намали процената на растот на нафтената побарувачка во годинава за 100.000 барели, на 1,2 милиони барели дневно. Во 2020 година побарувачката би требало да порасне на 1,4 милиони барели дневно.
„Главниот фокус е на побарувачката на нафта, имајќи предвид дека расположението слабее во глобалната економија… Последиците по побарувачката на нафта стануваат очигледни. Влошувањето на изгледите за трговијата е заедничка тема во сите региони“, се додава во месечниот извештај на IEA за нафтениот пазар.
Процената на растот на побарувачката на нафтата претпоставува дека ќе бидат задржани американските и кинеските царини воведени во 2018 година, но IEA истакнува дека не се земени предвид дополнителните американски царени најавени во мај. Агенцијата посладниот раст на побарувачката во првиот дел од годинава го припишува, исто така, на забавувањето на активностите во петрохемиската индустрија во Европа, повисоките темеператури од просечните и закочената побарувачка на бензин и дизел во САД.
Растот на побарувачката веројатно ќе зајакне на 1,6 милиони барели во втората половина од годината, благодарејќи на мерките на владите за ублажување на забавувањето на економијата и робусната потрошувачка во нерзвиените делови од светот. Пакетот поттикнувачки мерки веројатно ќе го поттикнат растот во краткорочна перспектива. Покрај тоа, главните централни банки во светот престанаа да ги подигнуваат каматните стапки или го забавија нивниот раст, што би требало да ги поддржи растот на побарувачката во втората половина на 2019-та и во 2020-та, се наведува уште во извештајот.
Американските санкции против Иран и Венецуела, договорот на Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) и нејзините партнерски земји за намалување на производството, судирите во Либија и нападите врз танкерите во Оманскиот залив само ограничено ја зголемуваат неизвесноста во поглед на понидата на нафтата, објави IEA. Додава дека иранското производство остро се намалило во мај, за 210.000 барели, на 2,4 милиони барели дневно, и со тоа се спуштила на најниско нивпо од итранско-ирачката војна во 1980-те години. Иранскиот извоз притоа паднал за 480.000, на 810.000 барели дневно.