Намалени шансите за датум за преговори со ЕУ, Франција повторно го отфрли проширувањето

Земјите коишто сакаат да ѝ пристапат на Европската унија се соочуваат со намалени изгледи, откако францускиот претседател Емануел Макрон повторно одби да поддржи натамошно проширување сѐ додека Унијата не го забрза процесот на носење одлуки и да ја поврати својата веродостојност.

Фрустриран од неспособноста на своите колеги да се договорот за тоа кој ќе ги добие водечките позиции на главните институции на ЕУ, чијашто задача е да ја обликува политиката за повеќе од половина милијарди граѓани, францускиот претседател Емануел Макрон во понеделникот повторно рече, засега „не“, на оние кои сакаат да му се приклучат на блокот.

Приврзаниците на проширувањето на Унијата на истокот од континентот тврдат дека со тоа подобро ќе се спротистави на растечкото влијание на Русија и на Кина. Франција, пак, е загрижена дека со проширувањето ќе биде потешко да се носат одлуките и дека би можеле да зајакнат националистичките партии.

Македонија и Албанија би требало да бидат првите жртви на раздразнетоста на Макрон, доколку со тоа продолжи, откако нивните тежнеења за почетокот на преговорите за полноправно членство во ЕУ веќе се одложени на една година, коментира во вторникот агенцијата Reuters.

Владата на Македонија се надева дека решавањето на доглогодишниот спор со Грција за името ќе биде нејзина влезница во ЕУ. Владата на Албанија, која се смета за една од најкорумпираните земји и неуспешна во борбата против перењето пари, е соочена со посилен отпор од северните европски земји. На влез во ЕУ тежнеат и Србија и Црна Гора, кои веќе имаат отворено преговарачки поглавја, како и Босна и Херцеговина, па и Косово.

Како страствен еурофил, Макрон рече дека во прашање се доведува реномето на ЕУ, додколку Унијата стане заложник на малцинските групи, а оти е потребно да се носат тешки одлуку, од климатските промени до миграциите.

„Повеќе од скептичен сум кон оние кои велат дека иднината на Европа лежи во натамошното проширување, кога ние не можеме да постигнеме договор меѓу 28-те земји…. Инсистирам на фактот дека ќе ги одбијам сите форми на проширување, пред длабинската реформа на начинот на функционирање на институциите“ на Унијата, рече Макрон по неуспешните преговори кои траеја целата ноќ од понеделникот кон вторникот во Брисел.

Со децении, сегашната Еропска унија, создадена како повоена економска заедница од шест западни земји поради поттикнување на мирот и трговијата, се злагаше за урамнотежени проширувања со подлабока економска и политичка соработка.

Германската канцеларка Ангела Меркел изрази поддршка за Македонија за почетокот на преговорите во нејзината седмична видео-порака емитувана изминатиот викенд. Германскиот државен секретар за европски работи, Михаел Рот, изјавил за Reuters дека надворешната и безбедносна политика на ЕУ ќе бидат вреднувани според оддржувањето на мирот, демократијата и стабилноста во цела Европа.

„Не смееме да се откажуваме од проширувањата. Тое не би било ниту во германски, ниту во европски интерес. Пристапувањето е поврзано со јасни барања. Така треба и да остане“, додал Рот.

За повеќето одлуки на Европскиот совет потребно е квалификувано мнозинство. Но наспроти тоа, постигнувањето договор за жешките прашања, како што се миграциските политики и климатските промени, се покажа многу тешко. Проширувањето на Унијата, пак, бара едногласност, што значи дека Макрон би ја имал моќта да стави вето. Холандија, исто така, ја поддржа Франција кога неочекувано го блокираа почетокот на преговорите на Македонија и Албанија овој јуни.
.