Намалени водостоите на Треска, Сатеска и Дојранско езеро

Пет пати пониски од просекот за ноември се нивоата на реките Треска кај Македонски Брод и Сатеска кај Ботун, покажуваат денешните хидролошки мерења.

Според УХМР, за четири пати е намалена Црна кај Р.Б. Мост, а преполовени се Црна кај Новаци, Крива Река кај Крива Паланка, Пчиња кај Пелинце, Вардар кај Демир Капија и Црн Дрим кај Ложани.

Извесни покачувања бележи Вардар кај Јегуновце и кај Скопје.

Промени има и во водостојот на Дојранското Езеро, чие ниво е намалено за речиси три сантиметри.