Намалените резерви ја поскапеа цената на нафтата

Терминските цени на нафтата денеска пораснаа по падот на резервите за клучниот американски пазар, што укажува на силна побарувачка.

Еден барел американска „лесна“ нафта за испорака во април поскапе на трговската берза во Њујорк 38 центи на 100,75 долари за барел, додека истата количина северноморска нафта од типот „брент“ за испорака во мај на пазарот во Лондон чинела 106,15 долари, односно 30 центи повеќе одошто на крајот на вчерашното тргување.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.