Намалено нивото на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро

Водостоите на трите природни езера во земјава се пониски од вчерашните. Како што покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), новото на Дојранското Езеро е намалено за два сантиметра, а на Преспанското и Охридското Езеро за по еден сантиметар во споредба со вчера.

Сепак, водостојот на Дојранското Езеро е за 2,61 метар повисоко од просекот за јули, додека кај Преспанското и Охридското Езеро е понизок од просечниот и тоа за 1,74 метри кај Преспанското, односно за 12 сантиметри кај Охридското Езеро.

Пониски од повеќегодишниот просек за овој месец се и нивоата на речиси сите реки во земјава.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.