Намалено нивото на реките, езерата во рамки на просекот

Пет пати пониско од просекот за октомври е нивото на реката Црн Дрим кај Ложани, покажува денешното хидролошко мерење на УХМР.

Намалени водостои имаат и Треска кај Македонски Брод, Лепенец кај Скопје, Пчиња кај Пелинце, Крива Река кај Крива Паланка, Брегалница кај Штип, Струмица кај Ново Село, Вардар кај Скопје, Демир Капија, Јегуновце и Велес и Сатеска кај Ботун.

Според хиролошките мерења единствено над просекот за октомври е нивото на Црна Река кај Новаци и на Пчиња кај Катлановска Бања.

Кај природните езера водостојот е во рамки на октомврискиот просек. Измерената температура на водата на Охридското Езеро е 19 степени, на Преспанското Езеро е 16 степени, а на Дојранското Езеро 18.4 степени.