Намалено водството на Макрон пред Лепен пред првиот круг на француските претседателски избори

Разликата во довербата меѓу актуелниот франциски претседател Емануел Макрон и неговиот главен ривал на претседателските избори чиј прв круг ќе се одржи на 10-ти април, лидерката на крајнодесничарската партија Национален собир, Марин Лепен се намалила за 6,5-процентни поени, покажуват во петокот презентираните резултати од анкетата спроведен од Ipsos-Sopra Steria.

Според ова истражување на расположението кај француските избирачи, во моментов 26,5 отсто од гласачите ќе гласаат за Макрон во првиот круг следната недела, додека 20 отсто довербата ѝ ја даваат на Лепен. Во средината на март, довербата во Макрон се искачи на 31 отсто, благодарејќи најмногу на неговата лидерска улога во обидот да се спречи руско-украинската војна, додека Лепен уживаше поддршка од 16 отсто од гласачите.

Жан-Лук Меланшон, челник на крајнолевичарската партија Непокорна Франција е на третото место на предизборната ранг-листа. Тој, според последната анкета, би освоил 16 отсто од гласовите доколку изборите се одржат оваа недела. Истовремено ќе забележува раст на неговиот рејтинг дека последните седмици.

По Меланшон следи крајнодесно ориентираниот новинар Ерик Земур, основач на новата партија Реконквиста со 11 отсто, на петтото на Валери Пекрес, кандидатка на партијата од десниот центар Републиканци со 9,5 отсто. Кандидатот на коалицијата „Европа – Екологија – Зелени, Јаник Жадо, би освоил 6,5 отсто во првиот круг од изборите, а Фабиен Русел, секретар на Комунистичката парти, Фабиен Русел би освоил 3 отсто од гласовите.

Анкетата покажува дека голем фаворит во вториот круг, вообичаено за Франција е дека сите партии се сојузуваат против кандидатот на крајната десница, е Макрон и би освоил 54 отсто од гласовите.

Истражувањето на Ipsos-Sopra Steria било спроведено од 29-ти март до 1-ви април и со него биле опфатени 1.708 испитаници. Маргината на можната статистичка грешка до 2,4 отсто.

Првиот круг од француските претседателски избори е закажан за 10-ти април, а вториот круг би требало да се одржи на 24-ти април. За највисоката државна функција се кандидираат вкуои 12 политичари.