Намалување на малопродажните цени на нафтените деривати

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,50% во однос на одлуката од 20.2.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 2,292%, кај дизелот за 3,501%, кај екстра лесното масло за 3,673% и кај мазутот намалување за 3,729%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,428%.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,060 ден/кг и сега ќе изнесува  41,202 ден/кг.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.

Од 25.2.2023 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин                 ЕУРОСУПЕР БС – 95                            82,00 (денари/литар)

Моторен бензин                 ЕУРОСУПЕР БС – 98                            84,50 (денари/литар)

Дизел гориво                       ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)                    77,00 (денари/литар)

Масло за горење                Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)                          76,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                                                             41,202 (денари/килограм)

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 25.2.2023 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.