Намерно запален автомобил во Ниш

Автомобил „ауди А4“, што синоќа бил оштетен на паркингот во Ниш бил намерно запален
Во Ниш синоќа е намерно запален автомобил што бил паркиран покрај зграда во густо населен дел од градот, пренесуваат локалните медиуми, повикувајќи се наинформации од полицијата.

Сопственикот на автомобилот „ауди А4“, чиј преден дел изгорел, е 36-годишниот Зоран Џ.

Спорел српските медиуми, се работи за лице кое од претходно и е познато на полицијата, бидејќи бил апсен за обид за убиство на Лука Т. Во 2008-та година, во нишкиот ресторан „Премиер“.