Наместо Анѓушев, неговиот кум ќе продолжи да му ја води ЕДС, постои конфликт на интереси?

Кржовски е назначен да управува со ЕДС на местото на Анѓушев, откако тој најави дека ќе се повлече од сите управувачки функции во компаниите кои ги поседува откако беше назначен за вицепремиер на новата влада.

Според информациите до кои дојде порталот Денешен, Кржовски му е кум на Анѓушев, па прашање е дали постои конфликт на интереси?

За тоа дека постои конфликт на интереси во владата на СДСМ пишуваше и Димитар Апасиев од Левица.

Според него, пред Анѓушев да биде избран била дадена привремена дозвола за производство на струја на мала хидроелектрана на која како косопственик се јавува токму Анѓушев.

-Постои реален СУДИР НА ИНТЕРЕСИ во новата Влада! Имено, составот на Владата е избран на 31 мај 2017, а беше објавен во Сл. весник бр. 65 (1 јуни 2017). Само една страница подолу има Одлука на Регулаторната комисија за енергетика (од 31 мај 2017) за давање привремена дозвола за производство на струја на мала хидроелектрана чиј косопственик е г. КОЧО АНЃУШЕВ!?

Во Сл. весник бр. 66, ден пред изборот на новата Влада, Регулаторната комисија објавила статус на повластен производител на електрична енергија на друга хидроцентрала каде Анѓушев повторно е косопственик!? Ова е типична буржоаска игра со која е изигран законот, бидејќи Регулаторната комисија ги донела одлуките за доделување дозволи за бизнисите на Анѓушев да оперираат пред тој да стане вицепремиер – оти ако овие одлуки беа донесени два дена подоцна, ќе можеше да се покрене кривична постапка…,  пишува Апасиев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.