Наместо да гради по две градинки годишно, владата ќе плаќа 5 специјалисти за надзор по 36.500 евра месечно

Интегрално соопштение од ВМРО-ДПМНЕ: 

Наместо да гради по две градинки годишно, владата ќе плаќа 5 специјалисти за надзор по 36.500 евра месечно.

По 36.500 евра месечно за 5 специјалисти ќе плаќа владата, на трошоците за коридорите уште непочнати им нема крај.

Со парите за ангажирање на овие 5 специјалисти, власта може годишно да финансира изградба на две градинки, едно училиште или да набавува по 40 целосно опремени амбулантни возила.

Наместо на инвестиции, и работи неопходни за граѓаните Ковачевски се расфрла со парите на народот.

Дополнителни најмалку 11 милиони евра ќе бидат исплатени за ангажирање на 5 специјалисти за надзор, надвор од првично предвидените 1.3 милијарди евра.

Трошоците за изградба на коридорите, кои се уште не се почнати немаат крај.

Потребни се промени и одговорност.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.