Наместо да казнуваат, полицајци уживаат во кафеана

Сообраќајниот хаос и непрописно паркирани возила како да станаа заштитен знак на нашиот главен град. Локални „шерифи“ кои мислат дека се сопственици на тротоарите секојдневно си „бележат територии“.  Но, уште  пострашно е што добиваат и ексклузивен третман од оние кои ги плаќаме да спроведуваат ред, и да пишуваат казни за ваквата сообраќајна тиранија.

На фотографијата може да се забележи една од многуте секојдневни ситуации во градот. Луксузно возило паркирано на тротоар пред кафеана, пред очите на полицјци, кои наместо да реагираат, одлучиле да не го вознемируваат сопственикот на возилото, туку да си седнат во кафеаната и малку да се „освежат“. А, покрај тоа, тротоарот го окупирале и со своето полициско возило.