Наместо државни, ‘метлата’ на Заев чисти само партиски функционери

Долго најавуваната чистка на челните позиции во министерствата, државната и јавната администрација која треба да ја спроведе премиерот Зоран Заев никако да се случи, но поради катастрофалните резултати на неодамшените претседателски избори, во владејчката СДСМ популарната „метла“ ги зафати функционерите на локално ниво.

Премиерот Зоран Заев изјави во четвертокот дека донел одлука за разрешување на сите претседатели на општински ограноци на СДСМ.

„Синоќа донесов одлуки, а денеска е ред да ги споделам – ќе бидат изработени решенија од страна на администрацијата на СДСМ и во текот на денов ќе ги потпишам решенијата. Одлуката е – се разрешуваат сите претседатели на општински ограноци на СДСМ. Сакам да им се заблагодарам на сите за активноста, работата, служењето на граѓаните, како претставници на локално ниво на најголемата владејачка партија, на сите претседатели на оние општински организации каде се победи на изборите. Апелирам да бидат повторно кандидати, нека се кандидираат на следниот конкурс кој уште идната седмица ќе биде објавен во постапка„, речле за новинарите Заев по работниот појадок со бизнисмените што се одржа во скопскиот хотел „„Хилтон“.

Заев додаде дека како што ќе ги носат одлуките така ќе ги објавуваат преку медиумите и ќе ги информираат граѓаните.

„Почетокот на јуни или првата половина на јуни ќе се случуваат промените во општествениот сектор, тоа се јавните претпријатија, министерствата, Владата и сите владини институции. Во политичкиот дел во мојата партија каде јас сум директно надлежен, а тоа е во изборот на претседатели на општински организации, одлуката веќе ја донесов и синоќа ја соопштив на координација на колегите од раководството заради тоа што тоа е мое право, конечната одлука е токму таа“ рече Заев.

Информираше дека разрешувањата се во вкупно 78 општински организации. Органите и телата на СДСМ веднаш ќе донесат одлука за отпочнување постапка за избор на нови раководства.

Сепак, Заев и овојпат како и во изминатиот период не беше прецизен во одредувањето на рокот во кој ќе биде спроведена промената во неговиот министерски кабинет, предизвикана од јасно изразеното незадоволство на избирачите од работата на владата. Според партиските кулоари, се очекува по ова прашање да има остра фракциска дискусија во самата СДСМ, каде што ткн скопско крило може да побара одговорност од партиската кадровска политика, којашто е целосно во рацете на претседателот на партијата.

Уште поголема пречка за Заев, под услов да е искрен во намерите за подобрување да активноста на Владата и навистина да располага кадри кои се соодветни за позициите, се чини ќе претставува ставот на коалицискиот партнер ДУИ. Очигледно де дека Заев ќе настојува од Ахмети со кадровската чистка да прифати и дел од одговорноста за лошите резултати на Владата предводена од СДСМ. Функционерите на „интегративците“ преку повеќе јавни изјави порачаа дека нивната работа ќе ја оценува Ахмети и партијата, а не Заев.

Заев претходно во средата ја коментираште изјавата на пратеникот ДУИ, Артан Груби, дека барањето за ветинг нема врска со најавената чистка на Владата и на други високи позиции, и рече дека на крајот ќе се дознае вистината по оваа „рашомонијада од изјави“.

Сите коалициски партнери имаме право да си даваме свои коментари. Ваквата рашомонијада од изјави на крајот ќе биде поткрепена, ќе видиме која е вистината. Артан Груби е пратеник. Тој и пратеничката група ќе се изјаснат. Јас ги повикав да им кажам кои мерки ќе ги преземеме, да си знаат и да си планираат. Немам намера да лицитирам со бројки, изјави Заев.

Заев ја коментираште во средата изјавата на пратеникот од коалицискиот партнер ДУО, Артан Груби, дека барањето за ветинг нема врска со најавената чистка на Владата и на други високи позиции, и рече дека на крај ќе се дознае вистината по оваа „рашомонијада од изјави“.

Сите коалициски партнери имаме право да си даваме свои коментари. Ваквата рашомонијада од изјави на крајот ќе биде поткрепена, ќе видиме која е вистината. Артан Груби е пратеник. Тој и пратеничката група ќе се изјаснат. Јас ги повикав да им кажам кои мерки ќе ги преземеме, да си знаат и да си планираат. Немам намера да лицитирам со бројки, изјави Заев.