Наместо маченца дома донеле рисови

Здруженија за заштита на животните од тексашкото гратче Сан Антонио објави дека три лица закрепнуваат од каснувања, откако жената донела дома две „слатки маченца“, дополнително утврдувајќи дека станува збор за младенчиња на рис.

Членовоте на ова семејство раскажале дека во саботата на приодот кон нивната куќа пранашле две мали мачки, верувајќи дека станува збор за младенчиња од домашните бенгласки мачки.

Ги понеле со себе и се обиделе да ги нахранат со шишенца. Ги изненадила агресивноста на „маченцата“ коишто ги изгризале пластичните шишенца, но и домаќините кои се обиделе да ги нахранат.

Помош од членови на Здружението за заштита на животните побарале бидејќи на интернет страни откриле сличност меѓу „слатките маченца“ во својот дом и младенчињата од рисови.

„На членовите на семејството од Сан Антонио им е пружена лекарска помош, а младенчињата рисови се згрижени во здружението Wildlife Rescue & Rehabilitation“, соопшти Здружението за заштита на животните од Сан Антонио.

Градските власти, пак, известија дека ќе се обидат да ја најдат мајката на младенчињата. Доколку тоа не им успее, за малите рисови грижата ќе ја водат стручаците додека не израснат доволно за да можат во дивината самите да се грижат за себе.