20.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Наместо најавените 67 милиони евра Владата ја задолжи државата за 82 милиони евра

Владата денеска повторно се задолжи преку нова аукција на државни хартии од вредност од 5.100.000.000 денари, односно околу 82 милиони евра, иако претходно беа објвени проспекти за задолжувањето во вредност од 4.100.000.000 денари, односно 67  милиони евра, со што државата се задолжи 15 милиони евра повеќе од најавеното.

Ова е едно од низата на задолжувања кои ги прави владата и Министерството за финансии додека економијата тоне. Имено, експертската јавност континуирано предупредува за зголемувањето на јавниот долг кој достигна над 50 % од БДП што е алармантно додека со позајмените пари воопшто не се градат стратешки проекти кои се од долгорочен интерес на државата.

Дополнително, реализацијата на капиталните проекти изнесува очајни нешто над 30 % заклучно со месец септември што според економистите е катастрофална бројка токму поради фактот што задолжувањата се огромни додека капиталните инвестиции се на очајно ниво и се поставува прашањето на што се трошат позајмените пари.

Ова според експертите исто така има негативно влијание врз градежништвото кое е во континуиран пад а кое е тесно поврзано со растот на БДП бидејќи градежништвото е главен учесник во градењето на БДП. Со вакви економски параметри познавачите сметаат дека тешко ќе се исполни овогодинешната проекција за БДП.

Инаку, владата пред да дојде на власт ветуваше дека задолжувањата ќе се намалат и дека јавниот долг нема да расте но податоците го покажуваат сосема спротивното .

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.