14.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Наместо на суд Усеини во Турција, одложено денешното рочиште за насилство

Во Охрид утрово повторно е одложено судењето против браќата Усеини. Одбраната на охридскиот бизнисмен и советник во општината, го информираше судот дека поради операција во Турција тој не бил бо можност да присуствува на денешното рочиште, објавува ТВ 21.

Во судот не се појави ниту оштетениот Спиро Топаловски, поради тоа што имал оперативен зафат на забите и не можел да зборува.

Присутен во судот беше само обвинетиот Ибраим Усеини, братот на Нефи. Следното рочиште е закажано за 27-ми ноември, а закажан е уште еден термин на 3-ти декември со цел забрзување на процесот.

Судот за Нефи побара да биде доставена медицинска документација за лекување во странство и најави дека ќе бидат спроведени со полциска придружба доколку не се појават на следното рочиште.

Овој судски процес се води против браќата Усеини, бидејќи има сомнение дека извршиле насилство врз нивниот сограѓанин.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.