Наместо најавените 49 милиони евра, денеска владата ja задолжи државата за нови 80 милиони евра

Владата на Република Македонија денеска ја задолжи државата за нови 80 милиони евра, наместо за 49-те милиони кои беа најавени претходно.

На денешната аукција на државни хартии од вредност запишани се 4,9 милијарди денари (80 милиони евра).

На аукцијата беа запишани 12-месечни државни записи без девизна клаузула во износ од 2,3 милијарди денари со камата од 0,80%, 5-годишни државни обврзници без девизна клаузула во износ од 1 милијарда денари со камата од 1,70% и 15-годишни државни обврзници без девизна клаузула во износ од 1,6 милијарди денари со камата од 3,20%.

Инаку владата претходно најави задолжување од 49 милиони евра, а повлече 80 милиони евра што ќе бидат на грбот на граѓаните во иднина.