5.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Наместо напредок и развој, во Битола власта испорача корупција и очај

Фејсбук статус на Ѓорѓија Сајкоски

Факт е дека Владата не успеа да ги реализира своите ветувања за Битола. Наместо напредок и развој, испорачаа лаги, корупција и очај.
Предизборните ветувања ги почнаа токму од изградба на автопат од Битола за Скопје, но за жал не го реализираа.
Во нивниот План за живот ветуваа и темелно реконструирање и опремување на Клинички центар во Битола, и тоа остана само план на хартија.
Заев вети целосна гасификација на Битола до 2020, но процесот тапка во место.
Се обврзуваа планинарскиот дом Копанки да го изградат и обноват, да биде дом кој своите услуги ќе ги нуди по пристапни цени, со што уште еднаш ги излажаа битолчани.
Ветуваа изградба на модерна сообраќајна инфраструктура.
Економијата и инвестициите беа главен дел на програмата на СДСМ, но во свој стил, ветија и излажаа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.