Наместо од книги, по македонски, географија и историја, основците учат од скрипти

111

Наместо од книги, по македонски, географија и историја, основците учат од скрипти. Два месеци нема учебници за основните училишта. Дополнително уште 16 учебници чекаат ред да бидат испечатени и во рацете на учениците.

Министерот за образование Арбер Адеми се правда, вели дека е пршаање на време кога ќе се испечатат и достават новите учебници, затоа што минатата недела е потпишан договор за најповолна понуда.

-Кога сме кај печатењето од 2014 не сме имале јавна набавка за печатење учебници. Јас веќе оваа недела ги потпишав одлуките за избор на најповолна понуда. По пет години имаме успешна јавна набавка, а печатење учебници – тоа е поврзано со учебниците за кои Министерството за образование има екслузивно право, авторските екслузивни права ги има МОН. Во прашање е само време кога ќе се испечатат новите учебниците и истите ќе бидат дистрибуирани до сите училишта, изјави Адеми.

Во меѓувреме, родителите имаат дополнителни трошоци за копирање на лекциите. Старите учебници се ишкртани и со грешки, затоа што оштетените книги не се заменети со нови веќе 5 години.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.