Наместо подароци за наставничките, донираа пари за децата заболени од Вилсон

Наставничките од ОУ „Х. Т. Карпош“ од Скопје, и оваа година одлучија денешниот празник, 8 Март, да им го посветат на лицата заболени од ретката болест Вилсон.

Имено, наставничките ги замолија родителите, доколку мислат да одвојат пари за да им купат подароци, тие пари да ги наменат за хуманитарни цели и да им ги дадат на оние на кои најмногу им требаат.

На оваа акција годинава се приклучија и најмалите ученици. Првачињата од 1Б одделение, предводени од наставничките Татјана Велкова и Оливера Павловска,  подароците за своите наставнички ги пренаменија во донација за лицата заболени од Вилсон.

Најголем подарок за наставничките е љубовта и почитта која ја добиваат од нивните ученици и секојдневната поддршка од нивните родители, е пораката на наставничките Велкова и Павловска.

Хуманитарната акција ќе трае до крајот на март.