7.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

Наместо помош за најсиромашните, Владата набавува кондоми и лубриканти

Сиромаштија, граѓани без работа, покачени давачки реална слика во Македонија. Поради пандемијата Ковид – 19, над 40.000 граѓани останаа без работа, повеќето фабрики се затворија, се покачи сметката за струја…

Во време на беспарица, владата, поточно министерството за здравство распиша тендер за набавка на 150.000 кондоми, 37.000 кондоми со зголемена издржливост и 50.000 лубриканти.

Ова се случува кога владее економска и здравствена криза. Македонија има најлоша слика во регионот по заболени од КОВИД-19, министерот објавува тендери кои не се на помош за оваа епидемија која владее и е на праг вториот бран. Во Македонија до сега има над 17.000 лица заболени од вирусот и над 700-тини починати.

Имено, минатата година министерот за здравство, Венко Филипче наместо терапија за ретките болести набави 150.000 кондоми и 80.000 лубриканти. А, пред неколку месеци, во октомври минатата година, Владата набави 20.000 шишиња лубриканти.