Наместо укинување, назначија нови економски директори, а здравството има нула инвестиции

Се создава само привид дека нешто се прави во здравството. На пример наместо укинување на економски директори на клиниките пак назначија нови. Сето ова е само пропаганда и привид за работа, рече доктор Игор Николов, претседател на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на утринската програма на телевизија Алфа.

Факт е, додадава тој, дека нешто се прави, сведоци сме на нула инвестиции во здравство. Дополнително нема ни концепт за какво здравство треба.

„Велеа дисперзирано, а сега нудат централизиарано. ГОБ „8-ми Септември“ беше стожер во период на корона со што се направи растеретување на Инфективната болница“, рече Николов укажувајќи дека клуч е јакнење на капацитети на здравството и дисперзирање.

Според него има многу работи кои треба да се средат како да се разгледа дали воопшто системот до сега во овој период на криза беше функционален, сѐ уште нема вакцини, нема модуларни болници, треба да е види дали матичните требаше да бидат „Ало докторе“, проект кој се критикуваше , дали ваквото лекување на болни од корона даде резултат или требаше на се направат посебни ковид амбуланти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.