Наместо во куче,му пукал во нога

Синоќа околу 22,15 часот во с.Долгоец, прилепско, П.Р.(50) од Прилеп бил погоден во нога со сачми од страна на М.З.(77) од с.Долгоец, прилепско, истиот сакал да застрела куче скитник.

П.Р. е пренесен во Клинички центар Прилеп, каде му се констатирани надворешни огреботини и е пуштен на домашно лекување.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.