5.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Наместо во Македонија, германскот гигант ќе инвестира во Србија

Сите знаеле за измамата на Фолксваген, но лојално молчеле
Фолксваген призна каде се корените на тешката измама

Премиерот Зоран Заев пред извесно време најави голема инвестиција на гигантот во автомобилската индустрија „Фолксваген“, инвестиција која требаше во Македонија да донесе неколку илјади вработувања.

Иако Управниот одбор на „Фолксваген“ сѐ уште нема донесено конечна одлука каде ќе го изгради новиот производствен погон, извесно е дека тоа ќе биде или Србија или Бугарија, откако вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев потврди дека станува збор за шпекулации дека автомобилскиот гигант може да инвестира во фабрика во Македонија.

„Не, нема ништо од тоа дека Фолксваген ќе инвестира во Македонија и тие информации се шпекулација“, рече кусо Анѓушев на прашање на Дојче Веле.

Како што може да се прочита на српските медиуми, овој автомобилски гигант започнува да инвестира и да гради фабрика токму во Србија.

Новости.рс објави дека германскиот автомобилски гигант ја избрал Србија за оваа инвестиција, а во конкуренција била и нашата држава. Во Белград се прогнозира дека оваа фабрика ќе им донесе извоз од 4,5 милијарди евра, а пет илјади српски граѓани  ќе добијат работно место. Доколку македонската Влада беше посбособна, тоа ќе значеше пет илјади нови работни места за македонските граѓани

Премиерот Заев најавуваше инвестиции, иако знае дека со ваква инвестициска клима и економска состојба кои тој ги создаде, инвеститорите ќе ја заобиколат нашата земја. Загрижува и тоа што Заев најави и уште неколку инвестиции од ИТ секторот, како што се „Фејсбук“ и „Гугл“, но засега овие инвестиции се само најава од премиерот.