Наместо вода, пена тече од фонтаните во Струмица

Фонтаните долж булеварот „Маршал Тито“ во Струмица утрово осамнаа наполнети со пена.

Засега не се познати сторителите, а од ЈПКД „Комуналец“ информираат дека во фонтаните е истурена поголема количина на средство кое создава пена.

– Некои неодговорни граѓани најверојатно истуриле прашок за перење или некое друго средство во фонтаните долж булеварот „Маршал Тито“. Уште рано наутро наши екипи го забележаа овој вандализам и во текот на денот фонтаните ќе бидат измиени и исчистени, рече Бранко Ѓоргиев од ЈПКД „Комуналец“.

Од струмичкото комунално претпријатие додаваат дека за овој вандализам е запозната и полицијата.

МИА

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.