Наместо втроглави хонорари за СЈО пренамена на средствата за награди за медицинарите, полицијата и војската

Наместо да гласате уредби за исплата на вртоглави суми за плати на вработените во СЈО, кога народот останува без работа и нема што да јаде, прифатете го предлогот на Христијан Мицкоски и парите за СЈО, заедно со други средства исплатете ги на име награда за здравствените работници и униформираните лица во МВР и АРМ, порача во вторникот Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ, ораќајќи му се на техничкиот министер од СДСМ, Оливер Спасовски.

Минатата седмица, во екот на епидемијата на короанвирусот, на владина седница беше донесен предлог на околу 90 вработени во Специјалното јавно обвинителство (СЈО) кои поради притворот на нивната Катица Јанева неколку месеции останаа без плата, во април ќе ги добијат неисплатените плати. Станува збор за обвинители, истражители и друг персонал вработен во СЈО. За нив ќе бидат обезбедени пари со пренамена од државниот Буџет.

Здравствените работници се во првите борбени линии. Тие работат и по 24 часа во денот за да спасат човечки живот. Треба да им се даде награда за нивниот надчовечки труд, ангажман и пожртвуваност во овие тешки моменти за сите нас како народ!

Се жртвуваат себе си и своите фамилии за нас и нашите фамилии. Да им оддадеме почит со овој гест, пишува Ѓоѓиевски.