Нант на Кире Лазаров го освои турнирот во Гаја

Ракометарите на Нант продолжуваат со одлични игри за време на подготвителниот период. По освојувањето на турнирот во Баскија, екипата на Кирил Лазаров го освои и претсезонскиот турнир во Гаја (Португалија).

Иако играа без Калваканти и Скурински, момците  на Алберто Ентрериос извојуваа победи против Порто со 39-32 (16-16) и против АЕК Атина со 29-23 (17-12)..

Идниот викенд екипата на Нант ќе учествува на турнир во Лимож, каде покрај домаќинот, ќе играат и француските прволигаши Ним и Монпелје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.