Напаѓач на Зенит храни 50 семејства во Аргентина

Аргентинскиот напаѓач на Зенит, Емилијано Ригони, поддржува 50 семејства во неговиот роден град Колонија Кароја, се вели во официјалната веб-страница на клубот.

Дваесет и седум годишниот Ригони, која играше за Сампдорија, Аталанта и Индепендиенте, купи 50 пакувања со храна што се состојат од долгорочни производи – јајца, ориз, шеќер, брашно, житарки, конзервирана храна, бисквити, грав, леќа и растително масло. Помошта е за семејства поврзани со детскиот клуб Бочас Спорт, каде Ригони играше како дете.

– Почнав да играм фудбал во Бочас Спорт, каде се сретнав со пријатели кои се со мене до денес. Поминав одлични години таму, затоа сум среќен што помогнав. Тоа е скромен клуб што минува низ тешки времиња и јас ги поддржував семејствата поврзани со него – претежно со деца кои играат во фудбалската школа во Бочас, објасни Ригони, кој исто така има два натпревари за репрезентацијата на Аргентина.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.