Напаѓачот кој уби 10 луѓе во Цетиње бил убиен од сограѓанин а не од полицијата

Црногорската обвинителка Андријана Настиќ изјави дека според досегашните сознанија напаѓачот кој претходно во петокот во Цетиње уби десет луѓе а ранил уште шест, би убиен од сограѓанин а не од полицијата.

Настиќ за црногорските медиум во петокот доцна ноќта по завршениот увид во Цетиње рече дека на самото место затекнале девет смртно настрадани лица, а дека едно подоцна починало во болница. Единаесеттиот смртно настрадан е напаѓачот.

„На Цетиње од огнено оружје се убиени 11 лица, заедно со убиецот кого го усмртил сограѓанин“, рекла Настиќ.

Директорот на црногорската полициска управа Зоран Брѓанин во изјавата доставена за медиумите дека меѓу убиените се две деца од осум и 11 години.

„Според засега познатите околности, во петокот околу 15,30 часот 34-годишен маж од Цетиње пукал врз семејство чии членови престојувале во просториите на неговата куќа како потстанари во населбата Медовина“, рекол Брѓанин.

„Тој притоа, со употреба на огнено оружје ловечка пушка, лишил од животот две деца, едно на возраст од осум а другото единаесет години и ја ранил нивната мајка која во медицинска установи им подлегна на повредите. Потоа излезе и пукаше од истото огнено оружје врз жителите на ова населба при што убил уште седум лица, а ранил шест“, додал Брѓанин.

Додал дека во пукањето тешко е ранет еден полициски службеник. Тој бил погоден во главата и е во критична ситуација, според црногорските медиуми.

Напаѓачот идентификуван како Вук Бориловиќ од ловечка пушка неселективно пукал врз соседите, екипата на Итна медицинска помош, припадниците на полицијата и врз случајни минувачи и луѓе кои се обидувале да го натераат да се предаде. Според тврдењето на надлежните, во текот на размена на оган со полицијата, со истрели од пиштол напаѓачот бил смртно застрелан од сограѓанин идентификуван со иницијалите Н.К.

Црногорската влада прогласи тродневна жалост по повод трагедијата во Цетиње.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.