
оранешниот јапонски премиер Шинзо Абе е застрелан околу 11:30 часот по локално време во Нара, источно од Осака, додека држел говор за изборната кампања на улица. Истрелани биле два куршума, а Абе има прострелна рана на десната страна на вратот, соопшти Агенцијата за управување со пожари и катастрофи на Министерството за внатрешни работи и комуникации во Токио. Во болница бил пренесен прво со возило на итна помош, а потоа со медицински хеликоптер.
По инцидентот, полицијата го уапсила Тецуја Јамагами, жител на Нара во неговите 40-ти години. ТВ НХК објави дека мажот не се обидел да побегне и е задржан на распит во полициска станица. Се чини дека користел рачно изработен пиштол.
Поранешниот лидер сега е во критична состојба, a лекарите се борат да му го спасат животот, изјави премиерот Фумио Кишида на прес-конференција.
Според НХК, тој бил свесен и реагирал додека го носеле во болница.
На прес-конференцијата, емотивниот Кишида го осуди нападот како „акт што не може да се прости“, велејќи дека владата работи на проценка на ситуацијата и „презема соодветни мерки“.
Поранешни и актуелни светски лидери испраќат пораки со осуда за атентатот и желби за закрепнување на Абе.
Американскиот државен секретар, австралискиот премиер, неколку поранешни австралиски премиери, индискиот премиер, британскиот премиер и тајванскиот претседател се меѓу оние кои досега испратија пораки со желби за добро здравје на Абе.
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.