Напаѓачот на џамиите на Нов Зеланд осуден на доживотен затвор без можност за условно пуштање

Австралиецот Брентон Тарант, кој во 2019 година во напад на две џамии во новозеландскиот град Крајсчрч уби 51 муслимански верник е осуден во четвртокот на доживотна затворска казна без можност за условно ослободувње.

Судијата Камерон Мандер изјави дека зад „изопачената“ идеологија на Тарант се крие „силна омраза“ која го навела да напаѓа мажќи, жени и деца кои не можеле да се бранат. „Задачата на судот е одлучно да го сузбие тоа зло“, изјави Мандер изрекувајќи ја казната, прва од овој вид во историјата на Нов Зеланд.

На Нов Зеланд за убиство најкратката предвидена казна е десет години, а судот може да одреди доживотен затвор без можност за помилување. Досега во оваа земја никогаш не е изречена ваквата казна.

Судијата, истакнувајќи дека новозалендската муслиманска заедница платила висока цена, изјави дека извршителот на страшниот масакр сепак не успеал да ја промовира идеологијата на крајната десница.

„Бевте свиреп и без милост. Вашиот чин беше нечовечен“, рече судијата Мандер.

На 15-ти март 2019 година австралискиот супремацист Брентон Тарант во смислен напад во две џамии во Крајсчрч уби 51 верник во текот на петочната пладневна молитва. Прогласен е виновен за 51 убиство, 40 обиди за убиствот и за терористички напад откако во март годинава го призна злосторството кое го згрози целиот свет.

Главниот обвинител Марк Зарифех ицени дека ваков масакр „не е запаметен во историјата на злосторствата на Нов Зеланд“. „Ова е несомнено најлошото убиство на Нов Зеланд (…) мотивирано од цврсто вкоренет расизам и ксенофобна идеологија“, рече. Доживотниот затвор е „единсвената соодветна казна “ за Таранат, додаде Зарифех.