Напаѓачот на берлинскиот божикен саем подготвувал атентат врз Меркел

Мажот кој во декември 2016 година изврши терористички напад со камион на божикниот саем во Берлин, како една од можните цели на напад го набљудувал и станот на германската канцеларка Ангела Меркел, пренесуваат тамошните медиуми во четвртокот повикувајќи се на детали од истрагата.

На мобилниот телефон на Анис Амри се пронајдени фотографии кои го прикажуваат атентаротот пред зградата во која се наоѓа станот на Ангела Меркел. На уредот на Туниженецот се наоѓале и многу фотографии од околината на зградата во којашто живее германската канцеларка.

Политичкиот магазин Kontraste на јавниот сервис ARD го цитира извештајот на Сијузното биро за борба против криминалот (BKA) во кој се проценува дека фотографиите служат за „подготовка на напад“.

Фотографијата се направени на 23-ти октомври 2016 година, неполни два месеца пред нападот на божикниот саем, а според процените на BKA, Анис Амри на зградата во која живее Меркел, како и околината во која се сместени некои од најважните берлински туристички дестинации како Островот музеј и Берлинската катедрача „веројатно гледал како на потенцијална цел на терористички напад“.

Во истражната комисија на Бундестагот, кој се занимава со околностите и заднината на нападот на божикниот саем, меѓутоа, се изразува дилема околу тоа дали зградата во којашто живее канцеларката е фотографирана како можна цел на напад или е фотографирана случајно, имајќи предвид дека се наоѓа во близина на туристичките атракции како веројатна цел.

Нападот на божикниот саем од 19-ти декември 2016 година откри многу слабости во германскиот безбедносен систем, кои покажаа лоша поврзаноста на полицијата во различните сојузни покраини.

Тунижанецот Амри како потенцијален исламистички терорист бил ставен под набљудување на полицијата на една сојузна покраина и требало да биде протеран, но во периодот во кој се протегнало тоа успеал да ги изврши нападот во кој загинаа 11 луѓе, а 55 беа повредени. Амри побегна од местото на нападот и дури по неколку дена беше застрелан на железничката станица во Милано, кога рано наутро полицаец се обидел да изврши рутинско легитимирање а овој пукал во него.