Напаѓачот на божиќната поворка во САД сослушан на суд, се зголеми бројот на жртви

Мажот обвинет за повеќекратно убиства откако удри во божиќна поворка во градот Вокеша во Висконсин, вчера беше сослушан во судо кој му одреди кауција од повеќе милиони долари, додека бројот на загинати се искачи на шест.

Бројот на загинати се зголеми откако осумгодишно момче им подлегна на повредите, соопшти обвинителството.

Дарел Брукс беше сослушан во Окружниот суд во Вокеша, кој му одреди кауција од пет милиони долари. Инспекторите рекоа дека 39-годишникот намерно возел низ полициски бариери и традиционалната поворка во Вокеша, мал град 32 километри западно од Милвоки.

Осомничениот вчера беше обвинет по пет точки за убиство со намера од прв степен, пред да биде објавена смртта на осумгодишното момче, по што се очекува обвинението да биде проширено.

Дарел Брукс има криминално минато во три сојузни држави, а според судските документи, тој е обвинет во 2020 година за доведување на друго лице во опасност и на 5 ноември за семејно насилство.

Осомничениот живее во Милвоки и е уапсен во близина на местото на настанот каде што уби шест и повреди повеќе од 60 луѓе, меѓу кои и 18 деца.

Претходно во ное мври тој бил ослободен со кауција од 1.000 долари, откако бил обвинет за семејно насилство, а бил пријавен за семејна расправија пред нападот на поворката. Полицијата не го поврзува нападот со тероризам.