Напаѓачот од Крајстчрч го призна злосторството

Брентон Тарант, кој изврши напад во две џамии во Крајстчрч на Нов Зеланд, за време на сослушувањето во Врховен суд, преку видео-врска ја призна вината по 51 обвинение за убиство, 40 обиди за убиство, и едно обвинение за тероризам.

– Тој ќе биде осуден за секое кривично дело што го сторил. Признанието на вината е значаен чекор во изрекувањето на казната – рече судијата Камерон Мандер, претседател на судскиот совет.

Тарант е во притвор од 15 март 2019 година, кога беше уапсен и обвинет за пукање од полуавтоматско оружје кон муслимани, кои се собраа за молитва во две џамии во Крајстчрч, а злосторството го пренесуваше во живо преку Фејсбук.

Признанието на Тарант ја прави непотребна понатамошната судската постапка, која требаше да започне во јуни, а Судскиот совет ќе продолжи да носи пресуди за вкупно 92 точки од обвинението.

Судот не соопшти кога ќе биде донесена пресудата, но притворот на Тарент е продолжен до 1 мај.

– Целата нација, но особено муслиманската заедница, се поштедени од судење што би можело да послужи како пропагандна платформа за злосторникот – изјави премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која претходно вети дека никогаш нема да го изговори името на убиецот во јавност.