Напаѓачот со нож во Франција бил душевно болен

Куран е најден во торбата на напаѓачот, душевно болен пациент, кого го застрела францускате полиција во петокот откако со нож во нападна случајни минувачи во парк крај Париз при шти уби едно и рани тешко уште две лица, соопшто вечерта парискиот јавен обвинител.

Портпаролот на државното обвинителство кое ја води истрагата, рече дека напаѓачот земал лекови за ментални проблеми и дека неодамна поради тоа бил хоспитализиран.

„Во оваа фаза од истрагата нема докази дека бил радикализиран“, рече потрпаролот.

Во нападот изведен од засега непознати причини врз случајни посетители во паркот во местото Вилжуиф во департманот Вал-де-Марн, југоисточно преградие на Париз, напаѓачот убил едно лице, а три се ранети од кои две се сериозно повредени.

Напаѓачот, исто така, се обидел да нападне и други минувачи кои успеале да му побегнат, прецизираше обвинителката Лаура Бекуо, на прес-конференција.

Тој потоа се упатил кон блискиот трговски ценатар „Леи-ле-Росе“, кој неколку часа бил опколен, изјави градоначалникот на Вилжуиф, Винзен Жебрун. Додаде дека полицијата набрзо пристигнала на местото и го „неутрализирала“ напаѓачот.

Според некои извори, 22-годишниот Натан С. имал психички проблеми и бил познат како сторител на помали прекршоци, но не бил во евиденцијата на разузнавачките служби.

При претресот на неговиот дом се најдени предмети поврзани со верата. Веднаш по нападот, информативниот телевизиски канал BMF објави дека напаѓачот носел појас сличен на експлозивните елеци кои ги носат терористите самоубијци, поради што биле повикани пиротехничари. Фотографија која ја добила агенцијата AFP, покажува напаѓач кој лежи на грб на раскрсница, облечен во црна џелаба.

Во последните четири години француската престолнина бепше цела на неколку напади во кои имаше многу човечки жртви. Најсмртоносниот се случи на 13-ти ноември 2015 година, кога во координирани бомбашки и вооружени напади исламските екстремисти на неколку локации во Париз убија 130 луѓе.