Напаѓачот во џамијата крај Осло најверојатно убил и своја роднина

Тело на жена, роднина на лицето кое отвори оган претходно во саботата во предградие на Осло, е пронајдено во домот близу местото на нападот, јавува во саботата велерта AFP, повикувајќи се на норвешката полиција.

„Веруваме дека станува збор за сомнителна смрт… Почонатата е роднина на човекот кој беше уапсен претходно денеска“, ја цитира агенцијата изјавата на полицискиот портпарол Рине Скјолд дадена на прес-конференција. Додал дека приведениот и загинатата биле поврзани со „семејни врски“.

Агенцијата Reuters, исто така, го цитира Скјолд, кој истакнал дека „младата жена е пронајдена мртва на адресата на осомничениот“. Истакна и дека лицето кое пукало е осомничено за ова убиство.

Претходно беше објавено дека во општината Берум, во близина на Осло, се случило пукање во џамија, при што едно лице било убиено а напаѓачот уапсен. Според јавната норвешка телевизија NRK, во џамијата биле прионајдени неколку парчиња оружје.