Напаѓачот во Норвешка преминал во исламот и се радикализирал

Данскиот 37-годишниот државјанин кој е осомничен за убиството на петте лица во нападот со лак и стрела во норвешкиот град Конгсберг се преобратил во исламот и полицијата била загрижена поради знаците дека се радикализирак, објави во четвртокот полицијата.

Петмината убиени, четири жени и еден маж, биле на возраст од 50 до 70 години. Две лица, од кои еден полицаец кој не бил на должност, повердени се нападот.

Напаѓачот е уапсен, но полицијата не го објави неговиот идентитет. Ја објави само неговата националнот, бидејќи во медиумите и социјалните мрежи се појавија погрешни информации.

Според челникот на норвешката национална полиција Оле Бредруп Саеверуд, напаѓачот преминал во исламот и полицијата била загрижена поради знаците дека се радикализирал. Истакна дека сѐ уште е прерано за да може да се каже дали нападот треба да се истражува како терористичко дело.

„Постоеше загриженост поради радикализацијата… Тоа беше следено“, додаде Саеверуд без да навлегува во поединости.

Напаѓачот живеел во Конгсберг, град со околу 28.000 жители на 68 километри југозападно од Осло. Се верува дека дејствувал сам.

„Ги призна околностите на нападот. Ќе мода да видиме дали ќе ја признае и вината за нападот“, изјави полициската правна застапничка Ан Ирен Сване Матјасен за новинската агенција NTB.

Неговиот адвокат Фредрик Неуман изјави за јавната норвешка телевизија NRK дека неговиот клиент соработува со полицијата.

Нападот се случи во мугрите и траел повеќе од половина час на поширокот подрачје на Конгсберг, вклучително и во трговскиот комплекс „Coop Extra“, објави дневниот весник Aftenposten.

Полициската управа по нападот им наложи на полициските службеници ширум земјата да го носат службеното оружје. Норвешката полиција во принцип е невооружана, но офицерите имаат пристап до оружјето кога за тоа ќе се јави потреба. Соопштено е дека станува збор за мерка на претпазливост, како и дека „засега нема знаци дека би се менувало националното ниво на опасноста“.

Бројката на убиените го прави овој напад најлошиот во Норвешка по 2011 година, кога крајно десниот екстремист Андерс Бехринг Брејвик уни 77 луѓе, главно тинејџери учесници на малдинскиот политички камп на владејачката левичарска лабуристичка партија.