Напад во џамија во Сирија, 25 загинати

Најмалку 25 припадници на Нусра фронтот, група поврзана со Ал каеда, се убиени во експлозија во џамија во сириската покраина Идлиб, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права.

Експлозијата се случила во градот Ариха, на северозападот на Сирија, во момент кога припадници на Нусра фронтот се собрале во џамијата на „ифтар“, оброк за време на муслиманскиот свет месец рамазан, пренесува МИА.

Ниту една група засега не ја презеде одговорноста за нападот, но приврзаници на Нусра фронтот за него ги обвинуваат своите ривали од екстремистичката Исламска држава во Сирија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.