Напад на зграда во Кенија, 27 мртви

Дваесет и седум лица се убиени, а 25 ранети, во вооружен напад на зграда во крајбрежниот град Мпекетони, Кенија. Според информациите на полицијата нападот е извршен синоќа од страна на 20-тина неидентификувани лица.

Милитантите досега нападнале два хотела, банка и полициска станица. Тие користеле огнено оружје и најмалку еден експлозив.

Синоќешниот напад е најнов во серијата на напади кои се на штета на кенијскиот туризам, кој е клучен извор на девизи за оваа земја.

Дејвид Кимаијо, главниот полициски инспектор изјави дека сеуште се трага по телата на загинатите, а во болница се згрижени 25 повредени лица. Засега нема уапасени.

Мпекетони е оддалечен на околу 45 минути пат по копно или море до историскиот остров Лама, кој арапските трговци го користеле од 14 век, а кој е денеска популарен меѓу туристите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.