Непознат маж синоќа нападна со нож минувачи на една од улиците во германскиот град Магдебург, во провинцијата Саксонија-Анхалт, при што повредил една жена.
Шеесет и четиригодишната жена веднаш била префрлена во болница и се наоѓа надвор од животна опасност. Според очевидци, биле повредени уште најмалку две лица.
Полицијата соопшти дека напаѓачот успеал да побегне, но се трага по него.
Според првичните информации, станува збор за маж на возраст меѓу 25 и 35 години, а причината за нападот засега не е позната.