Напад со дрон полн со експлозив на саудски аеродром – 10 лица повредени

Десет лица се повредени во напад со дрон полн со експлозив на аеродромот Кинг Абдула во градот Јазан близу јеменската граница, јавуваат саудиските медиуми.

Во нападот се повредени десет Саудијци, тројца државјани на Бангладеш и еден Суданец.

Во Јемен ескалира насилството од 2014 година кога Хутите ја презедоа контролата над поголем дел од земјата, меѓу кои е и главниот град Сана.

Конфликтот ескалираше година дена подоцна кога Саудиска Арабија и нејзините арапски сојузници ја поддржаа јеменската влада, да врши воздушни напади на позициите на бунтовниците.

Хутите засега не ја презедоа одговорноста за нападот, но оваа група постојано лансиран беспилотни летала и ракети и изведува напади во Саудиска Арабија.