Напад со нож врз случајни минувачи во Атина

Четворица случајни минувачи, рано утрото во средата се повредени во кварт на грчката престолнина Атина, откако 54-годишен маж ги нападнал со нож, а кусо подоцна е уапсен

Од засега непознати причини, мажот со нож излегол на улица и почнал да ги напаѓа случајните минувачи во населбата Зограф, по што се затворил во својот дом, каде што е уапсен од полицијата.

Од грчката полиција соопштија дека 54-годишникот побегнал од психијатриска болница уште во декември 2020 година.

Според грчките медиуми, состојбата на повредените не е сериозна, а раните им се нанесени главно во пределот на рацете и нозете.