Напади на кучиња скитници во Центар и Аеродром

Двајца мажи во неделата во попладневните часови пријавиле во полиција дека биле каснати од улични кучиња, едниот случај бил на кејот на Вардар во самиот центар на Скопје, а вториот на паркиралиште во скопската населба Аеродром.

Околи 14,15 часот во Полициската станица Центар, 50-годишниот К.Б.  од Скопје, пријавил дека на Кеј „13-ти Ноември“ возејќи се на велосипед бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.

Во 13,20 часот, пак, во Полициската станица Аеродром, 72-годишниот  В.Т. од Скопје пријавил дека на паркингот на булевар “Авној“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.