Нападите на расистичка основа бележат раст во Грција

Нападите на расистичка основа бележат раст во Грција во последната година, велат податоците од мрежата за регистрирање на расистичкото насилство, пренесува „Катимерини“. Мрежата обединува 30 невладини организации, вклучувајќи ја и Агенцијата за бегалци на ОН.

Според годишниот извештај на организацијата, вкупно 166 напади на расистичка основа биле регистрирани минатата година, што е зголемување во однос на 154 во 2012 година. Во овие 166 напади настрадаале најмалку 320 лица, а во 143 од случаите станува збор за имигранти или бегалци, а речиси сите други жртви биле предмет на напад поради својата сексуалност.

Најмногу тежок бил инцидентот минатиот април, кога се нападнати сезонски работници на фарма за јагоди во Неа Манолада, на Пелопонез. Тие беа застрелани од својот надзорник, бидејќи побарале да бидат исплатени.

Загриженост предизвикуваат и нападите на приврзаниците на десничарската „Златна зора“.