Нападнат Артан Груби, жена му ја искршилa шофершајбната на автомобилот!

1630

Инцидент се случил претпладнево пред Собранието, кога изреволтирана жена ја искршила шофершајбната на службениот автомобил во кој се вози вицепремиерот Артан Груби, ексклузивно дознава Лидер.мк.

Од МВР за Лидер го потврдуваат случајот.

-Денес околу 12,00 часот пред Собрание на РСМ од страна на В. Ј. (38) год. било скршено предното ветробранско стакло од ПМВ Пасат сопственост на Влада на РСМ. Од страна на полициски службеници лицето е приведено во ПС Центар. Се работи на расчистување на случајот, информираат од МВР.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.