Нападнат дански брод во Камерун, грабнати осум членови на екипажот

46

Непознати лица во подрачјето на пристаништето Дуала во Камерун вчера го нападнале бродот „Мармалајта“. Меѓу грабнатите членови на екипажот тројца се руски државјани, јавија светските агенции.

-Врз основа на расположливите информации, на 15 август, во подрчајето на пристаништето Дуала во Камерун непознати лица го нападнале товарниот брод „Мармалајта“ на данската компанија „Ултрабалк“, што пловел под знамето на Антигва и Барбуда, соопшти камерунското Министерство за внатрешни работи, а пренесе Тасс.

Според агенцијата „Марлоу навигејшн Русија“ од Санкт Петербург, напаѓачите заробиле осум члнеови на екипажот, меѓу кои тројца се граѓани на Руската Федерација.

Руските дипломати соработуваат со камерунската Влада и данската поморска компанија за да го овозможат брзото ослободување на грабнатите морнари.

Се води истрага за тоа како дошло до нападот, а се претпоставува дека напаѓачите се нигериски гусари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.