Нападнат малолетник од три лица на булеварот „Гоце Делчев“

87

Вчера попладне малолетник бил физички нападнат на булеварот „Гоце Делчев“од три лица, а случајот во полиција го пријавила неговата мајка.

„Вчера во 20:10 часот во полициската станица Центар, Ц.Ј. (39) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 17:40 часот на булевар „Гоце Делчев“ во Скопје, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од три лица. Се работи на расчистување на случајот“, се вели ви соопштението од МВР.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.